Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Уникатниот концепт на Доџ кој требало да ѝ биде конкуренција на корветата (ВИДЕО)

Кураторот на Питерсен автомобилскиот музеј Лесли Кендал на Јутјуб ја раскажува приказната за овој стар доџ. Замислен како одговор на европските спортски автомобили кои привлекувале интерес во САД по Втората светска војна, доџ сторм З-250 изгледа како конкуренција на култната корвета на Шевролет или форд тандербрд.

Каросеријата е дизајнирана од славниот Италијанец Бертоне. Однадвор е многу пооригинален од производите на Форд и Шевролет од тоа време, со спортски став. Поради тоа што бил замислен како тркачки автомобил, под хаубата се наоѓал V8 мотор.