Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Управник на Пошта уништувал архивски материјал без дозвола

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Л.(59) од Скопје.

Лицето доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уништување или прикривање на необработен архивски материјал", информираат од МВР.

„Пријавениот, управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија", во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив на Република Северна Македонија за уништување на предметниот службен материјал“, соопштија од МВР.