Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за рекламирањето за Локалните избори 2021

Судиите не поведоа постапка за оценување на уставноста на член 65 став 2, во делот „Законот за прекршоците", став 3 во делот „Законот за прекршоците" и член 66-а став 1, во делот: „Прекршочна комисија", од Законот за туристичката дејност, а ја отфрлија иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Одлуката за давање на согласност бр. 08-506/4 од 18 август 2021 и Заклучокот за објавување на Одлуката за давање на согласност за објавување на oдлука, бр. 08-360/2 од 5 август 2021 година.

На денешната седница не беше поведена постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 84 став 1 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија"бр.118/2021).

Иницијативата поднесена за член 91 став 2 од Законот за стечај во делот: „Доверителот кој е упатен на парница е одговорен за штетата што може да биде предизвикана со водењето на парницата ако тужбеното барање биде одбиено како неосновано", како што информираа од Судот, не го доби потребното мнозинство гласови.