Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВИДЕО: „Гучи“ со неверојатна модна ревија, новата колекција ја презентираа 68 пара идентични близнаци

На модната ревија за колекцијата пролет/лето 2023 наречена „Твинсбург“, модниот бренд Гучи ангажирале 68 пара идентични близнаци.

Пред почетокот на ревијата, директорот на „Гучи“ Алесандро Микеле истакнал дека ја посветува на неговата мајка Ералда и нејзината сестра, близначката Џулијана.

-Две извонредни жени кое своето сестринство го одбележаа со конечен печат. Живееја во исто тело. Исто се облекуваа и чешлаа, вели тој.

Секој пар близнаци на сцена се појавил независно, одвоени во ѕид од огледала во средина и оделе по пистата во исти модели.

Оваа ревија била подготвувана со месеци и биле вложени големи напори за да се пронајдат толкав број идентични близнаци кои ќе ги носат моделите.

Необичната модна ревија на „Гучи“ предизвика големо внимание во Милано.