Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Јовановски: Во време на криза Стојковски троши 600.000 евра за партиски вработувања

Од: А1он

„Поминаа 10 месеци откако Стојкоски седна во градоначалничката фотелја. 10 месеци неспособност и партиски интереси наместо развој на општината и решавање на проблемите на ѓорчепетровци“, рече Кристијан Јовановски претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

„Овде имам два документи кои покажуваат дека ДПМНЕ и Александар Стојкоски имаат две лица, едно за во опозиција и друго кога се на власт.

Ова е одлуката со која Стојкоски ги задолжи жителите на општина Ѓорче Петров за нови 600.000 евра, а ова е одлуката за 7 нови партиски вработувања.

За ДПМНЕ и Стојкоски кога се во опозиција општината е презадолжена и превработена, а кога ќе дојдат на власт, уште во првата година ја заглавуваат општината со нови кредити и нови партиски вработувања.

Почитувани, Градоначалникот Стојкоски е Доктро по задолжувања, затоа што како Претседател на Совет и како Градоначалник најмногу ја има задолжено општината!“, изјави Кристијан Јовановски претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров.