Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Пендаровски на средба со Фон дер Лејен: Претседателот очекува помош од ЕК во справувањето со енергетската криза

Од: А1он

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Софија оствари средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.

dobivaj vesti na viber

Како што известуваат од претседателскиот кабинет, на средбата се разговарало за актуелната енергетска криза при што претседателот Пендаровски изразил очекување за помош од Европската Комисија во контекст на европската солидарност во справувањето со кризата.

„Соговорниците разговараа и за текот на скрининг процесот како важна фаза во пристапните преговори за членство во Европската Унија на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски истакна дека земјава е подготвена да ги направи потребните реформи во клучните области, како дел од пристапниот процес“, се вели во соопштението на кабинетот на претседателот.