Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

(ВИДЕО) Талески: ВМРО-ДПМНЕ удира по џебот на прилепчани, зголемени цените на комуналните услуги и јавниот превоз

Од: А1он

„ВМРО тендерска ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните во време на најголема светска економска криза. Градоначалникот Борче Јовчевски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп ги поскапеа комуналните услуги за дури 67 %, јавниот превоз за 50 % и водта за 23 % во ек на криза“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Повеќе од 11 часа, советничката група на СДСМ и коалицијата се бореше за интересите на граѓаните, преку амандмани и барања за повлекување на точките го бранеше економскиот стандард на жителите на Прилеп.

Но ВМРО-ДПМНЕ со мнозинството во Советот донесе одлука комуналните услуги и јавниот превоз во Прилеп значително да поскапат.

Неспособноста на директорите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно брцале со рацете во медот, ги доведе јавните претпријатија до колапс.

Сега, таа неспособност треба да ја плаќаат граѓаните на Прилеп.

Никаква промена нема во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски не се грижи за граѓаните, туку важни ѝ се само интересите на одредени бизнис групи. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.