Украинското Министерство за одбрана тврди дека е создадена комора за мачење во село во регионот на Харков.
Министерството објави фотографија од Писки-Радкивски на Твитер на која се гледа гас-маска и кутија со забни коронки. Тие ја опишаа сцената како „мал Аушвиц“, додавајќи дека маската била пронајдена на главата на жртвата покриена со крпа.
A torture chamber in Pisky-Radkivski. 2 photos. A gas mask that was put on the head of a victim who was covered with a smoldering rag and buried alive. And a box of gold dental crowns. A mini Auschwitz. How many more will be found in occupied Ukraine?
Photo @serhii_bolvinov pic.twitter.com/So4glJlt9N— Defense of Ukraine (@DefenceU) October 4, 2022
Украинската полиција претходно соопшти дека по ослободувањето на селото Писки-Радкивски во областа Харков, нејзината војска пронашла и соба во подрумот на семејна куќа каде Русите мачеле војници и цивили. Детали за тоа што е пронајдено во собата објави Сергиј Болвинов, еден од водачите на полицијата во споменатото подрачје.
“Соседите постојано слушаа врисоци. Инспекторите пронајдоа страшна комора за мачење во селото. По ослободувањето на регионот, полицијата доби изјави за соработници и злосторствата на руската армија, како и сведоштва од локалните жители. По ослободувањето на село Писки-Радкивски, мештаните се обратиле до полицијата и пријавиле дека руската војска чувала затвореници во подрум на една куќа – локални жители, антитерористички сили и затвореници од вооружените сили.