Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВИДЕО: Зеленски им вети три работи на Русите кои се предаваат

Од: А1он

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање, на руските војници им кажа дека ќе ги заштити доколку се предадат.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Украина им вети три работи на оние што ќе се предадат. Како што рече, на сите ќе им биде овозможен хуманитарен третман според правилата на меѓународното право.

Понатаму, Зеленски им вети на руските војници дека никој нема да ги знае условите за нивното предавање, односно никој нема да знае дали доброволно се предале или биле заробени. Понатаму, затворениците нема да бидат вратени во Русија доколку тоа не го сакаат.

Тој во своето обраќање рече и дека руските команданти не се грижат за животот на своите војници и дека ги пополнуваат редовите во единиците само за да можат да ги испратат во смрт.

„Подобро е да се избега од криминалната мобилизација отколку да станеш инвалид“, рече претседателот на Украина.