Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Владата го разгледа новиот Национален план за управување со квалитетот на јавниот сектор

Од: А1он

Денеска, пред членовите на Владата за разгледување се најде и Информацијата за почеток на изработка на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Северна Македонија 2023-2025 година подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

dobivaj vesti na viber

„Новиот Национален план произлегува од потребата да се подобрат услугите што владините институции ги нудат со изградба на ефикасен, модерен и транспарентен граѓански сервис што ќе обезбеди висок квалитет на работа, како еден од главните приоритети на Владата на Република Северна Македонија и е согласно активностите предвидени во Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план (2018-2022).

Подготовката на нов Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Македонија за периодот 2023-2025 година, Министерството за информатичко општество и администрација го започна со поддршка на Регионалниот центар за управување со квалитет од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

Воведувањето и постигнувањето на норми на извонредност ќе обезбеди поуспешно спроведување на сите тековни реформски иницијативи, особено во процесот на европска интеграција, за што е потребен добро развиен капацитет, модерно и ефикасно управување и навремено остварување на поставените цели“, се вели во соопштението на Владата.

„Имплементацијата на Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Македонија за периодот 2023-2025 година ќе изврши големо позитивно влијание врз целокупниот систем на јавна управа и ќе придонесе кон постигнувањето на модерна, ефикасна и професионална администрација и подобри услуги за граѓаните.

Ваквите иницијативи и модерни практики во примената на меѓународните стандарди за квалитет во управувањето се очекува во иднина да бидат интегриран во сите владини политики и да станат императив во сите јавни институции“, се додава во соопштението на Владата.