Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Владата го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје

Од: А1он

Владата откако го разгледа, го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.

dobivaj vesti na viber

„Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи: зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност; одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини“, се наведува во соопштението на Владата.