Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Владата ќе ги раскине договорите за концесија на малите хидроцентрали на Шар Планина

По денешната владина седница од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат.

„Опфатени се шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска 66, МХЕ Љуботенска 67, Беловишка 107, Пена 82, МХЕЦ, Лешочка 100 и Лешочка 101", пишува во соопштението.

Со посебна информација, како што информира Mинистерството, доставен е и предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.