Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра

Ковачевски е во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирма основана од Ковачевски 8 месеци по неговото стапување на функцијата премиер почнува со инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово во висина од 54 милиони евра. Со фабриката во Тетово ќе се монополизира пазарот на фотоволтаични панели.

Фабриката во Тетово се прави неколку месеци по најавената инвестиција на друга бугарска компанија за изградба на фотонапонски панели во ФЕЦ Осломеј.

Дали панелите од фабриката на фирмата основана од Ковачевски треба да завршат и во ФЕЦ Осломеј?

Со овие 26 милиони евра колку што тежи соларниот картел, може да се обезбеди струја за сите училишта и градинки“, се наведува во реакцијата на опозицијата.

„Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка. Аферата „Броило“ е пример како е вршена трговија со влијание“, додаваат од партијата.