Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Прв ден откако Ковачевски е мандатар за влада фирмата основана од него Пиксел груп добива 203 илјади евра државна помош

Од: А1он

Прв ден откако Ковачевски е мандатар за влада фирмата основана од него Пиксел груп добива 203 илјади евра државна помош. Во период од 2019 година до 2021 година Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски од владата и од ФИТР добила над половина милион евра помош. Во половина од тој период Ковачевски е заменик министер за финансии велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

– Аферата Броило не завршува само кај фирмите на соларниот картел, туку тие учествувале во прикривање на неправилности и како надзор. Имено фирмата на кумот на Ковачевски, КМГ ЕОЛ Квазар е надзор над проектот за промена на постојните светилки и поставување на бандери во општина Гази Баба, додека со неа управува кадар на СДС. Според утврденото од општината, но и според Финансиската полиција фирмата изведувач пишувала дека поставила бандери или сменила светилки, на места каде воопшто ги немало, и сето тоа било со потпис на надзорор, т.е. фирмата на кумот на Ковачевски се вели во соопштението од партијата.