Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нуди половични решенија од кои никој нема реална придобивка

„СДС нуди половични решенија и тоа не е доволно. СДС мора да ги прифати барањата на општините за ставање на регулиран пазар не само на училиштата, туку и на јавните претпријатија. Со популистички мерки кои ги носи владата нема да се реши хаосот кој се случува со енергетската криза. Неспособноста на владата на СДС и ДУИ ја втурна државата во енергетска и финансиска криза, а граѓаните се, се посиромашни.  Во енергетиката се наталожија толку многу проблеми кои што од власта не се способни да ги решат. СДС може само да креира проблеми, но не и да понуди нивно решение“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ нуди мерки од кои никој нема реална придобивка.

„СДС да се охрабри, да се надмине себеси и да го прифати планот за справување со енергетската криза кој го понуди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Со овој план, ќе се обезбеди двојно поевтина струја за стопанствата и граѓаните, а ќе се зачуваат и многу работни места. Со СДС на власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Потребни се итни предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.