Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Учениците до декември нема да имаат учебници

Министерството за образование и наука наместо Концепција создава хаос. Концепција подразбира план и стратегија, а во случајов гледаме неспособност и неодговорност. Вака од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираат вчерашната одлука на МОН, од каде пак информираа дека е формирана Комисија за повлекување на учебникот Социологија за втора година гимназиско образование.

„Се е сведено на импровизации кои скапо се плаќаат. Наставниците и образовниот кадар се соочуваат со тотален колапс на системот, а на помалку од половина месец до почеток на учебната година нема учебници. Наместо учебниците се нудат материјали за учење, прирачници, упатства и слични експерименти кои не може да бидат целосна алтернатива на учебникот. Печатењето на учебници доцни и голема е веројатноста дека до октомври, па и декември учениците нема да имаат книги. Дополнително веќе два месеци доцни и доделувањето на сведителствата бидејќи не биле набавени доволно сведителства за учениците. Ова покажува целосна неспособност и неодговорност на властите. Тие очигледно се изненадени со почетокот но и крајот на учебната година исто како што би било изненадување снег во зимските месеци“, се потенцира во соопштението на опозициската партија.

Оттаму велат дека поради оваа власт на СДСМ и ДУИ се случувало тотален распад на системот и на институциите.

„Образованието тоне исто како што тонат сите области во Македонија. Криминалната власт ја уништува државата. Ова мора да престане. Најдобар начин за справување со оваа штетна власт на Ковачевски се предвремени парламентарни избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.