Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Укинати се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети

Од: А1он

Министерството за образование и наука предводено од кадар на ДУИ одлучи да ги укине стипендиите за македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на додипломски, магистерски или докторски студии на некој од најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската листа велат од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

– Мерка која беше воведена од ВМРО-ДПМНЕ уште пред повеќе од 10 години и која беше одлична можност за стекнување знаења и искуства од најдобрите професори во светот и нивно пренесување во сопствената земја. Отсега таа можност, за жал, новите генерации нема да ја имаат, а причината за нејзино укинување, не е објаснета.Што со оние студенти кои токму поради објавените конкурси за доделување на овие стипендии на почетокот на годината, аплицирале на некој од најдобрите универзитети во светот каде и се примени и за тоа очекувале поддршка од државата?Има пари за нови автомобили за функционерите, за ресторани, бифтеци, за златни лажици и виљушки и што ли уште не, а нема пари за поддршка на младината која успева да се пробие во светот на академското знаење и науката се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.