Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ВМРО-ДПМНЕ: Васко тендер Ковачевски е ризичен за да му бидат доставени било какви понуди

Васко тендер Ковачевски е ризичен за да му бидат доставени било какви понуди, загрижени сме дека со ангажманот на Васко тендер Ковачевски може да стане збор само за провизии на штета на граѓаните. Оваа порака ја праќаат од опозициската партија во врска со изјавата на директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски да ВМРО-ДПМНЕ ги достави контактите до компанијата.

„Понудата за дуел е јавна, а барањето за средба е исто така јавно!

Ова не е пазар, туку сериозна работа. Ако снабдувањето на енергенси на државата во криза се смета за обичен пазар, тогаш имаме сериозен проблем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.