Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во Благоевград избришана буквата М од Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“

Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во европска Бугарија чија влада не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваков вандалски чин, се вели во првата реакција по овој инцидент на здружението Нов АСНОМ.  

„Нашата влада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го бугарскиот договор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија“.  

Нов АСНОМ смета дека негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија како и нивно помагање е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Република Бугарија.