Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во меч со пет гола и пресврти, Црвена звезда загуби на гостувањето кај Макаби Хаифа

Натпреварот почна лошо за Црвена звезда, во првите 20тина минути Макаби Хаифа тргна офанзивно со висок пресинг, а тоа резултираше со погодок на Пиерот во 18. минута од натпреварот.

Но радоста на домаќините не траеше долго, во 27. минута Катаи биеше, топката го удри Пешиќ, го смени правецот и заврши во мрежата на Макаби, Црвена звезда израмни на 1-1.

На пет минути до крајот на првиот дел се случи комплетен пресврт, Канга погоди од далечина и донесе водство од 2-1.

По шест минути игра во вториот дел уште еден убав гол од далечина, овојпат на Пиерот, негов втор на натпреварот за израмнување на 2-2.

Во 61. минута Чери постигна гол за нов пресврт на натпреварот и победа на Макаби Хаифа од 3-2.

Бенфика направи крупен чекор кон групната фаза откако со 2-0 славеше кај Динамо Киев кој поради војната своите домашни натпревари ги игра во Полска.

Немаше голови на мечот меѓу Карабак и Викторија Плзен.