Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во овој момент не можеме повеќе да се бориме со инфлацијата, зашто е увезена, вели Битиќи

„Тоа што имаме разидување со синдикатите е решението „сега или никогаш". Ние велиме „не, решение ќе најдеме сега, одржливо, со целосна методологија за раст на плати, за да не се вратиме следната година зашто не чекаат други предизвици со синдикатите. Ние нудиме одржливо и долгорочно решение, кое нема да направи голема разлика. И не е вистина дека не се зголемени платите,“ потенцира Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Во врска со инфлацијата, повтори дека до јули е 10,9 отсто.

„Дали можеме во овој момент повеќе да се бориме со инфлацијата – не, зашто е увезена. Опозиционерите многу добро знаат дека увозно и извозно зависна економија тешко се бори со инфлација, освен мерките кои соодветно се носат во овој период и дадоа резултат,“ рече Битиќи.