Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во Прилеп и околината приведени 19 лица, од кои седум малолетници

Од: А1он

На 7.8.2022 во периодот од 00.10 до 3 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекто во Прилеп и прилепско.

dobivaj vesti na viber

При контролата биле констатирани повеќе прекршоци, а приведени биле 19 лица, од кои седум малолетници. Во објектите биле затекнати седум малолетници после 24 часот, а двајца малолетници биле затекнати при конзумирање алкохол.

Исто така, 10 лица не поседувале документ за идентификација, кај едно лице бил пронајден нож, затекнат е еден странски државјанин со нерегулиран престој, а едно лице го нарушило јавниот ред и мир.

Против сите лица и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат биле констатирани прекршоци во сите контролирани објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.