Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Во снежна лавина во Индија загинаа најмалку 10 планинари

Од: А1он

Најмалку 10 планинари загинаа во снежна лавина во северниот дел на Индија, а по други 11 сè уште се трага, јавија дел од локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Групата од 29 луѓе изутринава била погодена од лавина на планински врв на подрачјето на Ганготри на Гарвалските Хималаи.

Спасувачите од снегот извлекле осум планинари.

Исчезнатите и загинатите биле на обука.

Претставникот на Меѓународната федерација за качување и планинарење, Амит Човдари изјави дека „за првпат во историјата на индискиот алпинизам се случува толку голема група планинари на обука да настрада во лавина“.

Министерот за одбрана на Индија, Раджнат Синг на Твитер напиша дека е „длабоко вознемирен“ и изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Според власта, во спасувањето се вклучени Силите за реагирање на катастрофи и индиската армија, со два хеликоптера.

Лавините се вообичаени во планинските области на индиската држава Утараканд.

Извор: МИА