Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Вучиќ: Горд сум што можам да ја расипам лажната приказна дека Хрватите се жртви

Од: А1он

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Европската комисија првично одлучила да ја изземе Србија од забраната за увоз на руска нафта, но тоа било откажано на иницијатива на Хрватска, која била поддржана од две членки на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

По отворањето на фабриката во Нова Пазова, Вучиќ изјави дека дури тогаш Европската комисија сфатила дека нема консензус за тоа прашање, па го тргнале од дневен ред.

„Утре ќе објавиме одредени долгорочни одлуки како ќе се снабдуваме со нафта и гас“, рече тој.

Вучиќ ја критикуваше, како што вели, потерата што хрватските медиуми и политичари ја водат против него и оцени дека е покрената по неговата желба да го посети споменикот во Јасеновац и затоа што споменува и српски жртви.

„Тие велат дека сум сакал да имам оргија таму. Не е оргија кога се убиваа луѓе и деца, туку кога сакав да положам венец на споменикот… Што трипати објавив на редовни канали бидејќи ја почитувам хрватската држава“, рече тој, пренесува агенцијата Бета.

Вучиќ ги отфрли тврдењата дека се скарал со хрватските новинари, но додаде дека не сака да го прифати фактот дека Белград води политика на додворување кон Загреб во која Србите секогаш треба да се срамат од своето селско потекло.

„Горд сум што го разбивам лажниот наратив дека тие се жртви бидејќи е спротивното“, рече тој.