Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Вучиќ за фотографијата од Прага: Велат сум бил тажен како сирак и никој не ме сакал, а се сретнав со 38 лидери

Од: Маја Терзиова

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Нова Пазова, заедно со претставници на германската компанија MTU, отвори фабрика за поправка на делови за мотори за авиони MTU Maintenance Serbia, каде ги коментираше и озборуваше новинарските прашања во врска со актуелната состојба.

dobivaj vesti na viber

За средбите во Прага

Вучиќ ја коментираше фотографијата од Прага, каде е сам, додека некои други светски лидери зборуваат меѓу себе:

-Вчера во Прага се сретнав со 38 европски и светски лидери, мислам дека вчера никој немаше толку многу средби. Имав билатерални средби со Макрон и Шолц и Урсула фон дер Лајен, отидов во посебни простории за средба со претседателот на Чешка. Колку што се сеќавам, не разговарав со Пленковиќ иако се обиде нешто, не ги видов данскиот претставник, британскиот премиер и не разговарав со ерменскиот премиер.

Кога ќе ја напуштиш државата во 7 сабајле и ќе се вратиш на полноќ, немаш ни ручек, цело време работиш, а ти викаат дека си тажен како сирак што никој не те сака, а ти ја добиваш честа да зборуваш на вечера меѓу 10 луѓе, рече Вучиќ.