Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Вучиќ за судењето на хрватските пилоти: Кој ќе убие деца, мора да одговара

„Тоа е постапување по обвинение, правосилно, валидно. Судењето не можеше да се одржи пред загрепски суд, а требаше. Не се заинтересирани за децата бидејќи тоа се српски деца па нивното убиство за нив не е штета и разбирливо е дека тоа злосторство мора да се суди пред белградски суд. Ние сметаме дека децата се деца, без оглед на националноста“, кажа Вучиќ.

Истакна дека оној што ќе убие деца мора за тоа да одговара. „Кога некој ќе ги убие (децата), бараме тој некој да одговара. Меѓутоа, тоа е изгледа таа демократска демократија, право и правда“, кажа српскиот претседател.

Вчера беше објавено дека Вишиот суд во Белград испратил повик за судење на четворицата хрватски воени пилоти, обвинети дека во август 1995 ракетирале колона бегалци на Петровачки пат кај Босански Петровац. Судењето е закажано за 14 октомври.

Хрватското министерство за правосудство порача дека Хрватска нема да постапува по применото барање.

„Во согласност со одредбите на Европската конвенција за заемна судска помош во кривични работи, законот за меѓународна правна помош во кривични работи и членот 9 на Договорот меѓу Република Хрватска и Сојузна Република Југославија за правна помош во граѓански и кривични работи, потпишан во Белград на 15 септември 1997 година, Хрватска нема да постапува по применото барање“, соопшти хрватското министерство.