Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

За една седмица зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Грција, намалени смртните случаи

Од: А1он

За 24 отсто се зголемил бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Грција, а за 16 проценти се намалил бројот на починати во изминатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

Во периодот од 19 до 25 септември 2022 година, во Грција се регистрирани 44.775 случаи на Ковид-19, од кои 26 проценти се реинфекции, а починале 97 лица.

Биле направени 661.468 тестови, со стапка на позитивност 6,77 проценти, наспроти 5,87 отсто една седмица претходно.

Во грчките болници биле примени 819 пациенти, а отпуштени 715, додека пак 79 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега..

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.920.192 случаи на Ковид-19, а починаа 33.111 лица.