Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

За Хрватска и Литванија важно е да се продолжи со силната поддршка за Украина

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис и шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска во Вилнус истакнаа дека е важно да се продолжи со силната поддршка за Украина, јавија дел од хрватските медиуми.

Двајцата ги осудија „незаконските референдуми во окупираните подрачја на Украина и одлуката на Русија незаконски да ги припои“, наведуваат медиумите.

Според нив, важно е да се одржат единството и солидарноста при решавањето на енергетските прашања и зголемувањето на целосната стратешка отпорност на Европската унија.

Пред својот колега, Грлиќ Радман ги изнесе хрватските ставови за неодамнешните избори во Босна и Херцеговина.

Се зборуваше и за ситуацијата на Западен Балкан, а Грлиќ Радман изјави дека е важно западно балканските земји да покажат резултати во развојот на добрососедските односи и усогласувањето на нивните политики со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија. (МИА)