Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Захариева: Македонизмот е неспоив со европските вредности и не му е местото во ЕУ

Од: А1он

Политичарите во Скопје наместо да одат по патот на доброседството, „се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија, вели поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

Таа ова го кажува во пресрет на парламентарните избори во земјата каде таа е еден од носителите на листа на ГЕРБ и додава дека Бугарија сака земјава „да ги отвори своите архиви на тајните служби и да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови“.

-Едно мора да им биде јасно на политичарите во Скопје, Европската унија гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа, но наместо да одат по патот на добрососедството, тие се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија. Затоа сакаме оваа земја да ги отвори своите архиви на тајните служби, да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови, да го отстрани јазикот на омраза од учебниците и медиумите. Никој не ги бира соседите, нема шанси да ги придвижиме нашите земји понатаму, па затоа е смешно и одвратно да се живее вака – во омраза. А кој и да го поттикне тоа ќе биде најстрого казнет, ако не сега, тогаш во историјата“, вели Захариева во интервјуто.

Таа потврдува дека во Брисел разбираат дека „македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е местото во ЕУ“.

-Треба да бидеме наивни за да речеме дека Брисел не ја разбира нашата загриженост. Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Северна Македонија – со плакати „Предавници на народот“, „Народот рече НЕ, свестете се“, „Јазикот е идентитет“, „Деца на заевизмот, вие го враќате фашизмот“. Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Северна Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен – вели Захариева.