Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Захарова ги прозва американските разузнавачи за саботажа на Северен тек

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека „Вашингтон има целосна контрола“ врз водите околу Данска и Шведска, каде што од четири места тече гас од гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичко Море меѓу Русија и Германија.

„Тоа се случило во трговските и економските зони на Данска и Шведска“, рече Захарова во четвртокот во интервју за провладиниот канал „Соловјев во живо“.

„Тоа се земји што се целосно под контрола на американските разузнавачки служби“, рече таа.

Данска е членка на НАТО, а Шведска се обидува да ѝ се приклучи на воената алијанса откако по руската инвазија на Украина се откажа од својата историска политика на неврзување.

Захарова не даде докази за американска контрола над Шведска и Данска. Русија често се противи на американското влијание и воената поддршка за Европа.

Европската Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „жесток“ одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.

Иако ниту еден од цевководите не бил во употреба во моментот на подводните експлозии, и двата биле наполнети со гас, кој истекувал во Балтичко Море, а првиот прекин беше забележан во понеделникот.