Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Запалени пет возила во Бутел

МВР соопшти дека пет возила во доцните вечерни часови биле запалени на две соседни улици во скопската Општина Бутел.„На 27.09.2022 во 03:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на пет патнички возила, од кои четири паркирани на улица „Гоце Стојчевски“ и едно паркирано на улица „Лазо Москов“, и тоа „фолксваген голф“, „рено меган“, „рено твинго“, „ауди“, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со англиска национална ознака“, информира полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен од МВР.