Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Заврши говорот на Путин, потпишани договори за приклучување кон Русија

Од: А1он

Четворица проруски лидери на окупираните руски региони потпишаа договор со Путин за припојување на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кон Русија.

dobivaj vesti na viber

По потпишувањето на договорот, толпата извикуваше „Русија, Русија!“.

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД и нивните сојузници дека водат „хибридна војна“ против Русија и проруските власти во источна Украина.

Тој вели дека Западот „нема морално право да зборува за демократија“, додавајќи дека „постојат причини да се верува дека западните земји не сакаат да најдат излез од глобалната криза со храна“.

Тој додаде дека „светот е сведок на чист сатанизам“ на Запад и ја праша толпата дали сакаат на нивните деца „да им се понудат операции за промена на полот“.