Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Зеленски до Западот: Одговорете на нуклеарниот терор

Во телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Зеленски повика да ѝ се воведат санкции на руската нуклеарна индустрија.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија претходно објави дека еден работник на нуклеарната централа Запорожје бил ранет во синоќешно руско гранатирање.

Русија ја контролира нуклеарната централа од март.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Рафаел Гроси вчера изрази голема загриженост поради гранатирањето на Запорожје, предупредувајќи на опасноста од нуклеарна катастрофа, која би можела да ја загрози животната средина и здравјето во Украина, но и пошироко.

Во петокот бил гранатирани и погодени водови во објектот, поради што операторите го исклучиле реакторот иако не било утврдено истекување на радиоактивна материја.

Двете страни вчера се обвинуваа за „нуклеарен тероризам“.

Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом ја обвини Русија за штетата, додека руското министерство за одбрана ги обвини украинските сили за гранатирањето на централата.