Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Алијанса за Албанците: Нашиот досегашен молк никако не е слабост, туку сериозност кон потписот!

„Нашиот досегашен молк никако не е слабост, туку сериозност кон потписот што го ставивме во договорот и политичкиот морал што сакаме да и го пренесеме на јавноста, дека на крајот дадениот збор докажан со потпис, за нас представува вредност“, реагираат преку писмено соопштение од Алијансата на Албанците до медиумите, во врска со средбите на Гаши и Заев, за приклучување на Алтернатива во владиното мнозинство.

„Политичката автономија на секој субјект е прифатен факт за Алијансата за Албанците, како што и договорите потпишани меѓу субјектите, без разлика дали се политички, подразбираат откажување од дел од нејзината автономија. Договорот потпишан за коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата, јасно ги дефинира критериумите и временските рокови на оваа коалиција, односно во членот 6 од овој договор стои дека: „Странките се договорија оваа соработка да важи до следните парламентарни избори“. Следствено, Алтернатива треба да ги разјасни своите позиции во однос на овој договор, кој го прекршуваа најмалку три пати по ред, со јавна средба со премиерот во оставка, Зоран Заев, за да разговара за можноста за влез во Владата“, се вели во соопштението на партијата.

„Нашиот досегашен молк никако не е слабост, туку сериозност кон потписот што го ставивме во договорот и политичкиот морал што сакаме да и го пренесеме на јавноста, дека на крајот дадениот збор докажан со потпис, за нас представува вредност. Чекањето се однесува на можноста што сакаме да ја дадеме да размислувате за политичките чекори што се преземени од вас. Минимумот на коректност што го очекуваме од вас е да одговорите дали е валиден или не договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со вољата што го изразија граѓаните кои гласаа за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите. Изразуваме жалење за разочарувањето што го предизвикавте на опозициските гласачи кои не поддржаа против оваа власт. На истите ние им остануваме верни во нашето понатамошно политичко патување, држејќи ги вратите отворени за сите оние кои за кои е свет дадениот збор пред граѓаните. Ја информираме јавноста дека Алијансата за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор“, се додава во соопштението на Алијансата за Албанците.