logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Дендиас: Одлуката за преговори за Северна Македонија и Албанија не треба да се забави

Дискусијата за методологијата на интегративниот процес не треба да ги забави носењата одлуки за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во интервјуто за весникот „То вима“ во однос на француските позиции за кои додава дека Грција ги поддржува, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија објаснува дека и во интерес на Грција е земјите од регионот да станат дел од европското семејство, а во однос на веројатноста на изборите кај нас да победи ВМРО-ДПМНЕ, истакнува дека Атина не се меша во внатрешноста на другите земји, но очекува кој и да е на власт, Договорот од Преспа, целосно да се имплементира.

– Ја поддржуваме позицијата на Франција за потребата за одново разгледување и оптимизирање на методологијата на интегративниот процес. Но, соодветната дискусија не треба да ги забави носењата одлуки за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Во врска со можноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, повторувам дека нашата земја не се меша во внатрешните работи  на други земји. Очекуваме од соседот и наскоро сојузник во НАТО, Република Северна Македонија, независно од владите, целосно и точно да го имплементира Договорот од Преспа, вели Дендиас.

Во однос на можноста за раздвојување на европскиот пат на Македонија и Албанија, шефот на грчката дипломатија објаснува дека Грција сака двете земји, заедно да одат напред.

Говорејќи за минатонеделната посета на Скопје, Дендиас вели дека целта била да се продлабочи билатералната соработка и да се изрази поддршка за европската перспектива.

– Посетата на Скопје, како основни параметри ги имаше зајакнувањето и продлабочувањето на билатералните односи во еден поширок спектар на области и промовирање на целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа што е неопходен предуслов за соработка на двете држави во сите области. Истовремено, имаше за цел да ја потврди активната, со конкретни иницијативи, поддршка на Грција на европската перспектива на Северна Македонија, секако со почитување на постоечките услови, но и врз основа на самите постигнувања, вели министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „То вима“, пренесе МИА.

За двете комисии што произлегуваат од Договорот од Преспа, едната за учебниците, а другата за трговските ознаки, Дендиас објаснува дека во следниот период ќе одржат нови состаници.

Themes
ICO