Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ДИК за денот на изборите ангажира 400 ИТ инжинери и експерти

Државната изборна комисија за денот на изборите ќе ангажира 400 ИТ инжинери и екперти.

Оваа денеска го откри првиот човек на ДИК, Александар Даштевски кој во интервју за МИА рече дека ангажирани се 320 експерти од ДИК и 80 од компанијата „Демалог“ од каде всушност се набавуваат уредите за читање на отисоци од прсти.

Даштевски во интервјуто за МИА за јавноста уште еднаш појаснува каква ќе биде постапката за гласање, нагласувајќи дека е казнив секој обид за манипулација или неправилност или оштетување на уредите за проверување на отпечатоците од прсти на гласачите. Вели дека сè што се внесува како податок или колектира во уредите за отпечатоци од прсти ќе се проверува на брзи скенери во Државната изборна комисија.