Macedonia

Димитриеска Кочоска: Пресудата на Вишиот Управен суд е доказ дека се постапува спротивно на законските прописи

Своевремено информирав за неправилностите при постапувањето во Министерството за финансии, опстукциите кон моето работење, непочитувањето на моите права како дополнителен заменик министер за финансии, како и за грубото кршење на одредбите од Законот за Владата. Моите кажувања за неправилното и незаконско постапување се покажаа како точни, за што потврдува и Пресудата на Вишиот Управен суд, кажа дополнителниот заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

„Со оваа Пресуда, Одлуката на ДИК во однос на тоа дека унапредувањата во Министерството за финансии не биле правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите се ПОНИШТУВА, а Одлуката на Управниот суд со која се потврдуваше Одлуката на ДИК се ПРЕИНАЧУВА, дотолку повеќе што истата се оценува како незаконита.

Со Пресудата на Вишиот Управен суд се докажа дека се постапувало спротивно на законските прописи и дека Министерот за финансии не го почитува моето право како дополнителен заменик министер на рамноправно учествување во остварувањето на надлежностите предвидени со Закон.

Уште повеќе оваа Пресуда е доказ дека нивното постапување е спротивно со принципот на владеењето на правото, за што јас и ВМРО – ДПМНЕ се бориме и ќе се бориме да не им помине“, кажа Димитриеска-Кочоска.

Football news:

Eric Djemba-Djemba: Pogba and Brunu would have sat in the reserves under Scholes and Keane
Klopp on the championship: I would never compare myself to Dalgliesh and Shankly
Dimitar Berbatov: Earlier it was about the championship of Manchester United, now it is about the top 4
Zidane wants to see Mane at Real Madrid, but the club cannot afford this transfer
Manchester United and Manchester City have made inquiries about Griezmann. Barcelona does not want to let him go
Alaba and Coulibaly, among the purposes of the transfer of Guardiola. He wants to start rebuilding at Manchester City
The new Chelsea uniform is inspired by London tailors. With the logo Three, Lampard's team immediately missed out on three from West ham