Macedonia

ЕК: Од блиску ги следиме разговорите во Скопје помеѓу политичките лидери

Европската Комисија (ЕК) одблиску ги следи разговорите помеѓу политичките партии за одредување датум за парламентарните избори, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Од блиску ги следиме разговорите во Скопје помеѓу политичките лидери. Разговорите треба да продолжат за земјата да може да организира избори и да се справи целосно со последиците од кризата со Ковид-19, рече на прашање на МИА, портпаролката на Европската Комисија за проширувањето, Ана Писонеро.

Извори во институциите на ЕУ за МИА велат дека неизвесноста околу изборите би можела да влијае и врз објавувањето на преговарачката рамка, која официјално се очекува во текот на идниот месец. Овие документи би можеле да се одложат до септември, посебно доколку има било каков застој во Скопје и Тирана.

Според повеќе дипломатски извори, сѐ поизвесно станува и дека редовните извештаи за напредокот на земјите од регионот ќе бидат одложени за наесен, иако официјална потврда ЕК за сега одбива да даде.

Останува прашањето дали преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија сепак би биле објавени во јуни. Извештаите и рамките не мораат да бидат објавени во исто време.

Football news:

Police arrested a 12-year-old boy in the case of threats against Zaa
These people are sick. They need help. The fear and loathing of the North London Derby
Farfan's goal could not be counted: before that, the referee called from the goal, and CHorluka just took the ball and ran forward with it
Son has scored 10+ goals for Tottenham in the Premier League four seasons in a row
Milan are Interested in the striker of Lille Osimana
Dembele does not want to move to Manchester United. He believes that he will succeed in Barca
Ferdinand on Liverpool's decline: it's a celebration. If there are no Champions League games ahead, you just relax