Macedonia

Филипче: Од утре почнува вакцинацијата со трета доза

Граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда од утре ќе можат да примат трета доза вакцина против COVID-19, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека процесот на скрининг во училиштата ќе почне најверојатно за две недели.

– Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“,во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, за скринингот во училиштата министерот Филипче рече дека најверојатно ќе започне за две недели.

-Ќе започнеме со обезбедување согласност од родителите и понатаму ќе ја презентираме и методологијата. Јас верувам дека припремата во текот на следнава недела ќе заврши и дека од таа недела потоа ќе го започнеме процесот на тестирање. Сакам да кажам дека целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители на вирусот, рече Филипче, кој денеска ја поддржа кампањата „Напред розово“. 

Football news:

And to show what a donkey kick is in football? 50 Years ago in England they scored the best goal of the season
Sulscher on Ferguson's words about Ronaldo: We all want to see Cristiano on the pitch because of his uniqueness. But he can't play in every match
Pep on the requirement to stay on top: People judge me not by trophies, but by what will happen tomorrow
Joan Laporta: The Super League is alive, it will replace the Champions League. Juve, Real Madrid and Barcelona continue to win in the courts
Karim Benzema: Clasico remains the best match in football. It doesn't matter which players are playing
In favor of PSG, after the VAR, they awarded a penalty for playing with their hand. Perhaps Icardi had fouled before
Arsenal defender White: I don't watch football. All I want when I come home is not to think about him