Macedonia

Финансирањето на партиите, тема на средбата на Дескоска со ДИК, ДЗР и Антикорупциска комисија

ДИК соопшти дека на состанокот било утврдено дека за истото прашање ќе се одржи нова работна средба, на која ќе биде потребно да присуствуваат и претставници од Министерството за финансии.

„Имајќи предвид дека се донесени измени и дополнувања на Изборниот законик, целта на овој состанок беше да се изнајде начин за да се одговори најдобро на новите предизвици кои произлегуваат и со кои ќе се соочуваат во текот на спроведувањето на Предвремените парламентарни избори 2020 година“, пишува во соопштението од ДИК.

По однос на сите прашања и активности за спроведување на изборниот циклус, ДИК на работниот состанок им укажала на присутните дека им стои на располагање и соработка во рамките на својата надлежност.