Macedonia

Група граѓани, повратници од Малта, во изолација во Битола

Со одлука на надлежните јавни власти и со претходно одобрување за користење на хотел „Широк Сокак“ во Битола, од синоќа во овој град на контролирана изолација се група граѓани, повратници од Малта, најголем дел жители на овој град.

Во соопштение до јавноста, од Општина Битола информираат дека лицата кои се во контролирана изолација имаат постојан полициски надзор, на сите им е извршен лекарски преглед и неоправдани се реакциите на социјалните мрежи во врска со одлуката за нивно сместување во централното градско подрачје.

Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин и со 24 часовен надзор, а тоа не остава можност за непочитување на мерката изолација. Никој од изолираните не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани, соопштуваат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Од тамошната локална самоуправа посочуваат дека треба да надвладее разумот и не е потребно стигматизирање на битолчани кои се контролирано изолирани во својот град, а се вратиле по престој во странство.

Како што е познато хотел „Широк Сокак“-Битола, со кој стопансисува хотел „Епинал“ во Битола, донесе одлука хотелот да го понуди на Министерството за здравство и ги отстапи  своите сместувачки капацитети за формирање на државен карантин за населението со цел справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. 

Football news:

Napoli would prefer to sign Bruges midfielder Bonaventure, not the striker of Lille Osimana
Agent Hakimi: Ashraf's Goal is to play for real
PSG goalkeeper Bulka crashed a Lamborghini in an accident in Poland. Two people were injured
Nice joined the fight for defender Olympiakos Tsimikas. Loco is Interested in Him
Lacazette has rejected the offer of Inter. He can be traded to Atletico for Lemar
Former CSKA chief scout: 99% of a scout's work is wasted. This is a specific feature
Victor Valdes led the club from the Spanish 4th League