Macedonia

Гуардиола најави ремонт: Ништо страшно, никој не е вечен

Манчестер Сити остана без титулата во Англија, а Пеп Гуардиола веднаш потоа порача дека мора да се промени играчката постава за да може екипата следната сезона да се бори за титулата.

На прашањето дали ремонтот е неопходен, менаџерот одговори:

„Да, не бидејќи недостига квалитет, туку бидејќи ни требаат замени за Компани и Силва; Дино и Серхио имаат уште по една година од договорите – не знам дали ќе ги продолжат или не. Некои играчи треба да бидат заменети. Тоа не е катастрофа и не е ништо страшно, тоа е дел од фудбалот.“

„Се случува и во други клубови – играчи кои се сметаат за важни играчи за клубот решаваат да заминат“, рече Пеп, па продолжи: „Не сакаат да бидат тука, како во случајот со Џејдон Санчо (кој сега е во Борусија Дортмунд) и Лирој. Не можеме да направиме ништо друго, како клуб. Ако некои момци не сакаат да останат, мора да бидат заменети; не го добиваме максимумот од тие играчи ако во мислите не се среќни тука. Ова е првото нешто, а второто е возраста. Ама тоа се случи и мора да направиме ремонт... никој не е вечен и мора да го прифатиме тоа и да се обидеме да донесеме правилни одлуки како клуб, за да се обидемеда го одржиме нивото што го имаме.“

„Многу сум сигурен во мојот тим, не би можел да бидам посигурен“, додаде Гуардиола.

Давид Силва, Клаудио Браво и Лирој Сане заминуваат, а Гуардиола не е сигурен ни дали во клубот ќе останат Серхио Агуеро и Фернанџињу. Најави дека нема да носи замена за Сане, кој заминува во Баерн, но потребен му е стопер откако лани замина Венсан Компани.

Англиските медиуми шпекулираат дека прв избор на Гуардиола за позицијата стопер е Калиду Кулибали, 29-годишниот дефанзивец на Наполи за кој италијанскиот клуб бара 100 милиони евра. Сепак, замена за Силва, кој помина 10 години во клубот, Пеп уште нема најдено.

Football news:

Coach Of Brentford: We went from a mid-level team to the third team of the season. This is an incredible achievement
Burnley are not going to sell Tarkowski for less than 50 million pounds
Lester wants to rent Trincou at Barca with the obligation of ransom for 50 million pounds
Scott Parker: Fulham have a lot to progress. And I am happy about it
Manchester United are threatening to pull out of negotiations for Sancho if Borussia do not reduce the price from 120 million euros
Cesc about Casillas: You are a mirror to look into
Lone mascots are another symbol of the year