logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

И Одборот за правосудство почна сослушувања за импичмент на Трамп

Одборот за правосудство при Претставничкиот дом експресно ја спроведува оценката на извештајот на своите колеги законодавци дека претседателот Доналд Трамп ги злоупотребил своите надлежности поради тесногради политички цели и извршил опструкција на истрагата на Конгресот.

Овие заклучоци се можна основа за негово отповикување (импичмент).

Одборот, одговорен да ги состави точките за импичмент, изутринава го почна првото од серија сослушувања откако колегите од разузнавање претставија извештај од 300 страници за импичмент на претседателот.

Џеролд Надлер, претседател на Одборот за правосудство, во својот воведен говор истакна дека опструкцијата на правдата од страна на администрацијата на Трамп била без преседан. Според него, претедателот со тоа го демонстрирал своето вообичаено поведение.

Соопшти дека неговиот одбор во наредните денови ќе ги слушне сведочењата на другите одбори (разузнавање, надвореши работи) кои вршат истрага за импичментот.

Даг Колинс, проминентен републканец и член на одборот, ја искритикува истрагата спроведена од своите демократски колеги законодавци, посочувајќи дека тие имале намера да ги преиначат заклучоците од извештајот на специјалниот обвинител Робарт Малер.

Тој истакна дека посочените обвиненија овде ќе претрпат неуспех во Сенатот, но дотогаш на „американскиот народ и политичкиот систем на САД ќе им биде нанесена голема штета“.

Според Колинс, случувањата демонстрираат дека вашингтонската политичка елита се обидува да го преиначи изборот на народот, претседател на САД да биде Доналд Трамп.

-Претседателот ќе биде реизбран бидејќи народот знае дека елитите не можат да решаваат за него, истакна Колинс.

После ова Надлер ги повика четворицата сведоци, тројца од нив експерти по американско Уставно право – Ноа Фелдман (универзитет Харвард), Памела Карлан (Стенфорд), Мајкл Герхард (универзитет на Северна Каролина) и Џонатан Терли (универзитет Џорџ Вашингтон).

Во својата воведна реч Фелдман го истакна уставното значење на процедурата импичмент.

-Со тоа што Трамп се обидел да го убеди (украинскиот претседател Володомир) Зеленски да започне истрага за политичкиот соперник Џо Бајден, очигледно извршил сериозно злосторство и престап, кои согласно законот се основа за импичмент.

Според него, ако Трамп не биде повикан на одговорност, тоа значи дека земјата „повеќе не живее во услови на демократија“.

Карлан укажа дека самата идеја претседателот да бара помош за реизбор од странска земја би ги шокирала татковците на американската држава.

-Претседателот треба секогаш да спротивстави странска земја да се меша во американски избори, а на да повикува на тоа, бидејќи ниедна земја, посебно не соперничка, не е во линија со националните интереси на САД.

Затоа, според неа, повиците на Трамп за тоа се „особено сериозна злоупотреба на службената положба“.

Експертот Герхард напомена дека претседателот треба да одговара пред законодавната власт, и тоа е еден од најважните принципи со кои републиката се разликува од монархијата.

Терли, истакна дека не е поддржувач на претседателот Трамп и гласал против него во 2016 година, посочувајќи дека е вознемирен од она што тој нараче „намалени стандарди на процедурата импичмент кои се повикуваат на компензација со недостаток од сведоци“.

Themes
ICO