Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Какво време нѐ очекува за изборите?

Утре попладне нѐ очекува стабилизација на времето, но уште вечерва и утре претпладне се очекува локален дожд, прогнозира метео прогнозерот Славчо Поповски.

За време на викендот ќе имаме пооблачно време, а ќе има тенденција на раст на температурите и максималините ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат да бидат потпросечни за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Сабота 16.10.2021:  Променливо облачно и потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ќе има услови и за локален краткотраен слаб дожд. Температурите ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени. Недела 17.10.2021:

Променливо облачно и уште потопло со услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.