Macedonia

Кластер „Свадба“: Само 14 позитивни и ниту еден контакт, јавноста треба да добие одговор

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи (МВР) помага кога не можеме да доставиме одредени решенија, но сега веќе ќе мора тоа да се решава и на друг начин, а дали МВР постапува по однос на големите прашања, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и не мора да добие одговор. Јавноста треба да добие одговор за случајот кластер „Свадба“, каде се уште има само 14 позитивни и ниту еден контакт, истакна директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова.

Посочи дека по веќе отворените кластери, како што се: „Мекици Охрид“ има 21 позитивен и повеќе од 100 контакти, „Куќна слава Ресен“ има 31 позитивен и повеќе од 70 контакти.

– За жал во овој период имавме и кластери погреби на Ковид позитивни кои по протокол не смеат да се изведуваат со повеќе од пет личности. ДСЗИ нема информации дали МВР постапува по овие кластери, додаде д-р Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашања по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Давањето лажни податоци и непримањето на решенијата за самоизолација ќе резултира со голем број заразени и во наредните 10 до 15 дена

Проблемите со кои наидуваме на терен на дневна основа се недавање точни лични податоци, во епидемиолошката анкета дава точно име, а презиме случајно згрешено со две или три букви, непостоечка адреса, телефонски број не постои, меил секако не. Тоа се податоците кои ги добиваме од одредени граѓани, лажни односно неточни. Податоците при врачување на решенија за самоизолација кои се со точни податоци на терен се од типот: Ова лице не живее тука со години, не го познаваме или едноставно не отворање врати за да не се прими решението, истакна денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова.

Таа апелираше ваквите постапки да се минимизираат односно да се сведат на нула, затоа што бројките кои ќе ги видиме во наредните 10 или 15 дена се правопропорционални последици на ваквите однесувања.

– Секое позитивно лице или контакт од прв ред со висок ризик со позитивно лице кое нема да го прими решението и слободно ќе фунцкционира е потенцијална бомба, односно потенцијална зараза за сите оние каде тоа ќе се движи, рече д-р Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашања по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Football news:

Police arrested a 12-year-old boy in the case of threats against Zaa
These people are sick. They need help. The fear and loathing of the North London Derby
Farfan's goal could not be counted: before that, the referee called from the goal, and CHorluka just took the ball and ran forward with it
Son has scored 10+ goals for Tottenham in the Premier League four seasons in a row
Milan are Interested in the striker of Lille Osimana
Dembele does not want to move to Manchester United. He believes that he will succeed in Barca
Ferdinand on Liverpool's decline: it's a celebration. If there are no Champions League games ahead, you just relax