Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Куќата на Кевин од „Home Alone“ ги отвора вратите на еден ден

Оваа празнична сезона, љубителите на филмот „Home Alone“ (Сам дома) можат да уживаат во вистинската резиденција на Кевин Мекалистер, која наскоро ќе биде достапна за резервации преку Airbnb за една ноќ, на 12 декември.

Четворица гости можат да останат во куќата и да вечераат во истата кујна каде што Меколи Калкин уживаше во пици и истураше млеко пред 30 години во омилениот божикен филм.

Покрај тоа, посетителите можат да уживаат во ноќта со игри и брза храна од 90-тите заедно со Баз (Девин Ретрај), братот на Кевин, по разумна цена од 25 долари.

Згора на сето тоа, гостите ќе уживаат во врвната забава од гледањето на филмот „Home Alone“ во уникатен амбиент.

„Можеби нема да ме запомните како особено пристоен“, вели Ратри, кој го играше ликот на Баз, „но пораснав и би сакал да го споделам мојот семеен дом - дури и пицата - со вас оваа празнична сезона. Само обидете се да не дозволите мојата тарантула Аксл повторно да се изгуби“, рече тој.

На четворицата среќници Баз дури и ќе им подари сет LEGO Ideas Home Alone за спомен на времето поминато во култната резиденција.

„Можеби сите сме сега постари и помудри, но никогаш не сме премногу стари за празнични глупости. Значи, оваа година, поминете ги празниците не толку сами дома во куќата на моите родители“, додава Баз.

Оние кои сакаат да уживаат во ноќта со Баз можат да побараат резервација од вторник, 7 декември, во 13 часот на платформата Airbnb. Патувањето до куќата не е вклучено во цената.