-Ќе напишам писмо до сите наши сестрински партии, до претседателот Дол на Европската Народна Партија, со молба да не ги казнуваат граѓаните, поради тоа што имаме ние арамии на власт. Ние како држава конечно заслужуваме да добиеме датум за преговори, покрај сите оние понижувања и омаловажувања кои што ни се случија овие 28 години до сега, најави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат.

Мицкоски јасно рече дека никој не треба да има дилема и дека тој лично се надева и посакува Македонија конечно да добие датум за отпочнување на преговори. Тој појасни дека информациите кои ги има се половични и неформални, но дека половично неформално се однесуваат на отварање на поглавјата 23 и 24, коишто се однесуваат точно на владеење на правото и правосудството.

– Но и тоа да е, е доволна гаранција дека покрај сите овие понижувања и омаловажувања, Македонија како држава, народот, граѓаните во Македонија, колку-толку некогаш ќе имаат некаква европска иднина, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.