Играчот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ се приклучи во акцијата која овој период ја реализираат бројни спортисти.

Српскиот кошаркар исто така апелира луѓето да останат дома со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Шампионите се одговорни и солидарни и затоа остануваат дома. Биди и ти шампион – порача Јокиќ.