Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Најчевска: Политичарите се виновни зошто македонските граѓани веруваат дека КОВИД-19 е создаден во лабораторија за контрола на луѓето

„Денес на Еуроњуз, една од главните вести беа податоците од ова истражување. Спикерката и тој што ги коментираше, со голема потешкотија се воздржуваа да не прснат од смеење. Македонија изби во првите вести во европските медиуми со неславните податоци. Прстот е вперен кон политичарите. Погрешното разбирање на демократијата и злоупотребата на демократските институции доведоа до ваква ситуација. Тие ја извадија паролата „народот е во право и кога греши“, изјави професорката и експерт за човекови права, Мирјана Најчевска во емисијата „Топ тема“.

Според неа, политичарите грешат кога ја кажуваат паролата во секоја комуникација со граѓаните.

-Отсуството на професионалност во државните институции ја раѓа најголемата недоверба на граѓаните. После тоа, се преточува во вакви небулози. Луѓето веќе никому не веруваат, односно веруваат во тоа што ќе видат на Гугл, Википедија и жолтиот печат, кажа Најчевска во гостувањето во емисијата.