Macedonia
This article was added by the user Anna. TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Научниците се на работ на откритие со кое се бришат лошите спомени

Новото откритие може да биде многу ефикасно кај пациенти со посттрауматско стресно нарушување.

Тим истражувачи од Универзитетот Кембриџ откриле протеин во мозокот на глувци кој може да дејствува како биомаркер за мапирање на меморијата во мозокот. Со други зборови, постои начин да се одреди кои сеќавања сакаме да ги избришеме и кои сакаме да ги зачуваме.

Поврзување звук и шокови

Истражувачите ги спровеле тестовите така што истовремено создавале шокиви со умерена струја и истовремено испуштајќи специфичен звук - кликнување. Глувците го поврзувале звукот со електрошоковите и развивале чувство на страв кога потоа ќе го слушнеле тој звук.

Истражувачите потоа предизвикувале амнезија со инјектирање на бета блокатор, пропранолол, за да видат дали глувците ја изгубиле меморијата за електрошокот и кликнувањето. Сепак, ништо не се случи и глувците сѐ уште ја поврзувале поврзаноста на звукот на кликање со непријатноста од електрични шокови.

Претходните истражувања на оваа тема вклучуваа индукција на амнезија кај глувци со пропранолол, која беше успешна, но овој пат не даде резултати, па истражувачите од Кембриџ започнаа подлабока анализа. За време на анализата и истражувањето, утврделе присуство на специфичен протеин во невроните, на што требало да се влијае за да се отстранат спомените.

Шенк протеин

Посочија на присуство на специфичен протеин наречен шенк протеин, кој делува како рецепторска врска што ја одредува јачината на врските помеѓу невроните. На овој начин, се одредува успехот на модификација на меморијата кај животните третирани со пропранолол. Ако протеинот е деградиран, спомените може да се изменат, но ако протеинот е присутен, пропранололот не е ефикасен и не предизвикува амнезија кај животните.

Во твој момент на истражувачите им станало јасно зошто пропранололот не функционира секој пат, но не знаеле зошто шенк протеинот ги спречува или зошто воопшто го има токму таму.

Важно е дека со понатамошни истражувања, овие наоди може да се применат и на луѓето. Истражувачите нагласуваат дека овие откритија не се научна фантастика, но и дека пенкалцето од филмот „Men in Black“ не е нешто што можеме да го очекуваме во блиска иднина. Од друга страна, откривањето на овој биомаркер може да биде клучно за лекување на болести како што е ПТСН (посттрауматско стресно нарушување) или помагање на луѓето да заборават на потсвесната траума.

Разбирање на биохемијата на мозокот

Откриениот шенк протеин  може да се користи како биомаркер за одредување на меморијата. Сѐ уште не знаеме дали е директно поврзан со губење на меморијата, или е производ на подлабока реакција, но ни отвора пат да ја разбереме биохемијата на нашиот мозок, што е голем чекор напред.

Ова е многу важно бидејќи не знаеме како функционира органската меморија, така што болестите како Алцхајмер и деменција не можат да се третираат поради сложеноста на човечкиот мозок и предизвикот да се протолкува неговото функционирање.

Откривањето на биомаркерот што може да се поврзе со одредена меморија, дури и во мозокот на глушецот, е огромен чекор напред што ќе ни помогне подобро да ги разбереме дури и основните функции и активности на мозокот. Ова откритие може да доведе до третмани кои можат ефикасно да ја третираат емоционалната траума и да им помогнат на луѓето да се справат со лошите спомени.